Dejan Maksimoviç
29 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Бразилскиот фудбалер Нејмар (23), кој моментално го носи дресот на Барселона, вели дека му се висхитува на Јосеф Пеп Гвардиола и дека би сакал да игра во тимот кој тој го води, јавува Anadolu Agency (AA).
Многумина оваа изјава на Нејмар ќе ја протолкуваат како најава за заминување од "Барса" но сега таквата опција бразилскиот репрезентативец ја отфрла. Гвардиола, клупата на Барселона ја напушти 2012 година, а следната Нејмар стаса на "Ноу камп".
По едномесечен одмор шпанскиот тренер го презеде Баерн од Минхен, но најави дека ова лето ќе ја промени средината и вероватно ќе се пресели во Англија. Поради тоа британските медиуми со месеци го поврзуваат со доаѓање во Челзи, Манчестер Јунајтед или Манчестер Сити.
"Гвардиола е извонреден тип, навистина му се восхитувам и би сакал да играм за него", рече напаѓачот на Барселона и Бразил.
„Тешко е во овие моменти да се каже дали навистина сакам да играм во некоја друга земја. Никој не знае што носи утрешниот ден, но сега сум многу среќен и задоволен во Баселона. Она што сигурно знам е дека имам желба еден ден да се вратам и да играм во Бразил. Исто така би сакал да играм во САД. Во тие две земји би сакал да играм во доцната фаза од мојата кариера. "
Нејмар од доаѓањето во Барселона одигра 118 натпревари и постигна дури 75 гола. Претходно играше за бразилскиот Сантос. Во дресот на националниот тим настапи 69 пати и постигна 46 погодоци.