Muhammed Enes Çallı
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА
Меѓународниот олимписки комитет (IOC) се очекува да сноси трошоци до 800 милиони долари за своето учество во организирањето на Олимпијадата во Токио, која е презакажана за 2021 година поради пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Меѓународниот олимписки комитет предвидува дека ќе треба да сноси трошоци до 800 милиони американски долари за делот од одговорностите за организирање на Олимписките игри во Токио 2020, за своите продолжени активности и поддршка за поширокото олимписко движење. Оваа сума ќе биде покриена од самиот МОК, вклучувајќи финансирање од Олимписката фондација“, се соопштува од организацијата.
„Во овој момент, МОК поминува низ процес на длабока анализа за да го процени влијанието на Ковид-19 врз сите негови активности. Ова е комплексна практика, поради постојаното менување на факторите кои треба да се земат предвид во моменталните околности.“
Олимписките игри во Токио 2020 на 30 март беа откажани за наредната година и ќе се одржат во периодот од 23 јули до 8 август 2021 година.