Emre Aşıkçı
23 Март 2025•Ажурирај: 25 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, победи во трката за Големата награда на Кина, втората етапа од овогодинешното првенство во Формула 1, јавува Анадолу.
Трката се одржа на Меѓународната патека Шангај долга 5,4 километри, на која се возеа 56 круга.
Пјастри победи во трката, стартувајќи од пол-позиција и водејќи од почеток до крај, со време од еден час, 30 минути и 55.026 секунди, постигнувајќи ја третата етапна победа во кариерата.
Британскиот возач Ландо Норис, кој ја освои првата етапа сезонава во Австралија, заврши на второто место, 9,748 секунди зад својот тимски колега.
Британскиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, заврши на третото место, со 11.097 секунди заостанување зад Пјастри.
Третата трка во сезоната, Големата награда на Јапонија, ќе се вози на 6 април.
Најдобрите пет возачи и пласманот на тимовите по Големата награда на Кина се:
- Возачи
1. Ландо Норис (Велика Британија): 44 поени
2. Макс Верстапен (Холандија): 36
3. Џорџ Расел (Велика Британија): 35
4. Оскар Пјастри (Австралија): 34
5. Андреа Кими Антонели (Италија): 22
- Конструктори
1. Мекларен: 78
2. Мерцедес: 57
3. Ред Бул: 36
4. Вилијамс: 17
5. Ферари: 17