Mutlu Demirtaştan
14 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Во Кина се одржа 3. трка од годинешниот Шампионат во Формула 1. Победник на Големата награда на Кина е Британецот Луис Хамилтон, возачот на тимот на Мерцедес, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката за Големата награда на Кина оваа година е 1.000-тата трка во историјата на Формула 1.
Меѓународната патека Шангај е со должина од 5,4 километри, а возачите на Формула 1 извозија 56 круга.
Последниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, кој трката ја започна од втората позиција, уште во стартот го премина својот клупски колега Валтери Ботас и ја презеде водечката позиција.
Во текот на целата трка Хамилтон ја задржа лидерската позиција и прв мина низ целната рамнина, станувајќи победник на 1.000-тата трка во историјата на Формула 1. Во исто време ова е втора победа на Хамилтон сезонава, 75. во неговата кариера.
Финецот Ботас, кој трката ја започна од полпозицијата, на крајот од трката го освои второто место со заостанување од 6,5 секунди зад Хамилтон.
Германецот Себастијан Фетел, возачот на Ферари, трет стигна на целта, заостанувајќи 13,7 секунди зад Хамилтон.
По оваа победа Хамилтон се најде на првото место меѓу возачите во Формула 1 со 68 поени. Следува неговиот колега Ботас со 62 поени, додека третопласиран е Холанѓанецот Макс Ферштапен од тимот на Ред Бул-Хонда со 39 поени.
На 28 април ќе се вози 4. трка сезонава за Големата награда на Азербејџан.
- Првите 10 возачи во трката за Големата награда на Азербејџан:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Валтери Ботас (Мерцедес)
3. Себастијан Фетел (Ферари)
4. Макс Ферштапен (Ред Бул-Хонда)
5. Шарл Леклер (Ферари)
6. Пјер Гасли (Ред Бул-Хонда)
7. Даниел Рикардо (Рено)
8. Серхио Перез (Рејсинг Поинт-Мерцедес)
9. Кими Раиконен (Алфа Ромео-Ферари)
10. Александар Албон (Торо Росо-Хонда)
- Табела на возачи во Формула 1
1. Луис Хамилтон (В. Британија) 68 поени
2. Валтери Ботас (Финска) 62
3. Макс Ферштапен (Холандија) 39
4. Себастијан Фетел (Германија) 37
5. Шарл Леклер (Монако) 36
- Табела на тимови во Формула 1
1. Мерцедес 130 поени
2. Ферари 73
3. Ред Бул 52
4. Рено 12
5. Алфа Ромео 12