Hüseyin Burak Demirer
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
СКОПЈЕ
Репрезентацијата на Португалија ја освои шампионската титула во финалето на УЕФА Лигата на нации, по победата над Холандија од 1 : 0, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одигра финалето меѓу репрезентациите на Португалија и Холандија, за шампионската титула на новото фудбалско натпреварување во Европа на репрезентативно ниво.
Првото полувреме од натпреварот кој се играше на стадионот „Драго“ во португалскиот град Порто заврши без погодоци 0 : 0. Во 60. минута од натпреварот, Гонсало Гедес постигна погодок за водство на Португалија од 1 : 0. Резултатот остана непроменет до крајот на средбата и Португалија со победата стана првиот освојувач на титулата на УЕФА Лигата на нации.
Во борбата за 3. место на Лигата на нации се сретнаа репрезентациите на Англија и Швајцарија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без погодоци 0 : 0, а по изведувањето на ударите од белата точка, со резултат 6 : 5, третото место во Лигата на нации го освои репрезентацијата на Швајцарија.