Dejan Maksimoviç
01 јануари 2016•Ажурирај: 03 јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседавањето со Европската унија од денес од Луксембург го презема Холандија. Тоа ќе биде 12 пат оваа земја да дојде на лидерската позиција во ЕS, јавува Anadolu Agency (AA).
Холандија ќе го преземе претседавањето од Луксембург кој таа улога ја имаше во претходните шест месеци. Со оглед на актуелната ситуација во Европа која е соочена со големи безбедносни предизвици и со најголема бегалска криза од Втората светска војна јасно е дека пред Холандија е голем предизвик.
Холандскиот шеф на дипломатијата Берт Кендерс во најавата на претседавањето на неговата земја со ЕУ рече дека ќе се посвети на суштинските прашања на унијата. Приоритетите се зголемување на вработеноста и економскиот раст, како и подобро поврзување на граѓаните и цивилното општество со ЕУ.
Тука се и многу прашања со кои членките на ЕУ мора да се бават како што се климатските промени, енергетската политика, редефинирање на односите нпомеѓу ЕУ и Велика Британија. Секако, во фокусот ќе биде бегалската криза. Со оглед на тоа, веќе на крајот на првиот месец би требал да се одржи првиот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на кој ќе се расправа за прераспределбата на белгалците во Европа како и за борбата против тероризмот.
Холандија ќе претседава со ЕУ до први јули оваа година, кога претседавањето ќе и го препушти на Словачка, која на крајот од 2016 ќе ја наследи Малта.