Hüseyin Burak Demirer
12 Јануари 2023•Ажурирај: 18 Јануари 2023
МАДРИД (АА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој поради повреда на десната нога не можеше да учествува на „Австралија опен“, првиот овогодишен Гренд слем турнир, сезоната 2023 година ќе ја започне со настап на турнирот „Аргентина опен“ што ќе се одржи од 13 до 19 февруари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алкараз, кој е на врвот на светската ранг-листа за тенисери, на својот твитер-профил потврди дека доаѓа во Аргентина.
„Се гледаме, Аргентина. Се радувам што ќе играм на „Аргентина опен““, порача 19-годишниот Алкараз.
На турнирот на земјена подлога, кој се одржува во Буенос Аирес, ќе настапат значајни имиња како Лоренцо Музети, Доминик Тием, Камерон Нори и Диего Шварцман.