АНКАРА (АА) - ХУСЕЈИН БУРАК ДЕМИРЕР -
Преглед на колото во петте најголеми фудбалски лиги во Европа, Премиер лигата (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Германија (Бундеслига) и Лига 1 (Франција), пишува Агенција Анадолија (АА).
Тотенхем е лидер во Англија, Реал Сосиедад во Шпанија, Милан во Италија, Баер Леверкузен во Германија и Лил во Франција.
- Премиер лига -
Тимот на Тотенхем заедно со актуелниот шампион, екипата на Ливерпул, се наоѓа на врвот во англиската Премиер лига. Тотенхем одигра 1:1 на гостувањето во Кристал Палас, а со истиот резултат заврши и средбата Фулам - Ливерпул.
Во среда, во рамките на 13. коло на Премиер лигата се игра дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем.
Лестер Сити како домаќин со 3:0 го совлада Брајтон, намалувајќи ја бодовната разлика од лидерите на 1 бод.
Дербито на колото меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заврши без погодоци 0:0.
Евертон со 1:0 го совлада Челзи, кој по 9 кола од теренот се раздели без бодови.
Саутхемптон со 3:0 го совлада гостинот Шефилд Јунајтед.
По 12. коло на врвот од табелата во Премиер лигата се наоѓа Тотенхем со 25 бода. Со истиот број бодови второпласиран е Ливерпул, третопласиран е Лестер Сити со 24 бодови, додека четвртопласиран е Саутхемптон со 23 бода.
- Ла лига -
Реал Мадрид, кој минува тешки денови, во градското дерби како домаќин го совлада Атлетико Мадрид со 2:0. По овој резултат се прекина серијата на Атлетико Мадрид од 7 последователни победи.
Ејбар на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Реал Сосиедад и благодарение на поголемиот број постигнати погодоци се најде на лидерската позиција во Ла лига.
Виљареал одигра нерешено 1:1 на гостинскиот терен на Реал Бетис. Барселона со 1:0 го совлада Леванте.
По 13. коло во шпанската Ла лига, Реал Сосиедад се најде на врвот од табелата со 26 бода. Атлетико Мадрид се наоѓа на втората позиција со ист број на бодови, но два натпревари помалку. Третопласиран е Реал Мадрид со 23 бода и натпревар помалку, додека Виљареал е четвртопласиран со 22 бода.
- Серија А -
Милан продолжува да биде лидер во италијанската Серија А без пораз. Милан, иако како домаќин губеше со 0:2 од Парма, на крајот успеа да се раздели од теренот со бод, играјќи нерешено 2:2.
Интер како гостин со победа од 1:3 си замина од гостувањето во Каљари.
Актуелниот шампион Јувентус како гостин со резултат 1:3 ја совлада Џенова.
Наполи со 2:1 ја совлада Сампдорија, додела Сасуоло со минимални 1:0 го совлада Беневенто.
По 11. коло во италијанската Серија А, екипата на Милан се наоѓа на врвот од табелата со 27 бода. Интер е второпласиран со 24 бода, а на третата позиција се Јувентус и Наполи со 23, додека петтопласиран е тимот на Сасуоло со 22 бода.
- Бундеслига -
Лидерот во германската Бундеслига, екипата на Баерн Минхен, која последните 8 сезони е освојувач на државното првенство, на гостувањето кај Унион Берлин одигра нерешено 1:1. Ова е третпат Баерн Минхен во последните четири натпревари од теренот да си замине со еден бод.
Тимот на Баер Леверкузен, совладувајќи го Хофенхајм со 4:1, што претставува седма победа во последните 8 натпревари, стана новиот лидер во Бундеслигата.
Лајпциг со 2:0 го совлада Вердер Бремен, а Волфсбург со 2:1 беше подобар од Ајнтрахт Франкфурт, а Штутгарт како гостин со 1:5 ја совлада Борусија Дортмунд.
По 11. коло во германската Бундеслига, Баер Леверкузен е новиот лидер на табелата со 25 бода. Следуваат Баерн Минхен и Лајпциг со по 24, Волфсбург со 21 и Борусија Дортмунд со 19 бода.
- Лига 1 -
Олимпик Лион како гостин со 0:1 го совлада Париз Сен Жермен (ПСЖ), освојувачот на фудбалското државно првенство во Франција во последните три сезони.
Лил на домашен терен со 2:1 го совлада Бордо и го презеде првото место на табелата во француската Лига 1.
Олимпик Марсеј на домашен терен со резултат 2:1 го совлада Монако, додека Монпеље со 2:3 беше подобар од Ленс.
По 14. коло во француската Лига 1, Лил се наоѓа на првото место на табелата со 29 бода. Следуваат Олимпик Лион и ПСЖ со по 28, Олимпик Марсеј со 27 бода и два натпревари помалку и Монпеље со 26 бода.