Muhammed Enes Çallı
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА
Светската фудбалска организација (ФИФА) ги објави имињата на фудбалерите и фудбалерките што останаа во самата завршница од изборот на најдобрите во светот од минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во конкуренција за наградата на ФИФА за „Најдобар фудбалер во 2020 година“ се натпреваруваат португалскиот репрезентативец и напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, аргентинскиот ас и капитен на Барселона, Лионел Меси, и португалскиот голгетер од Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што е најавена за 17 декември.
ФИФА традиционално на крајот на годината бира и „Најдобра фудбалерка на годината“, а во финалето на овогодишниот избор се натпреваруваат Лаки Бронз (Манчестер Сити), Пернил Хардер (Челси) и Венди Ренард (Лион).
За „Најдобар голман на годината“ се натпреваруваат Алисон Бекер (Ливерпул), Мануел Ноер (Баерн Минхен) и Јан Облак (Атлетико Мадрид), додека за истата награда во женска конкуренција се борат Сара Бухади (Олимпик Лион), Кристин Ендлер (ПСЖ) и Алиса Нахер (Чикаго Ред Старс).
Во финалниот избор за „Најдобар тренер на годината“ останаа Масело Биелса (Лидс Јунајтед), Ханси Флик (Баерн Минхен) и Јурген Клоп (Ливерпул), а во женска конкуренција за ова признание на ФИФА се натпреваруваат Ема Хајес (Челси), Жан-Лук Васе (Олимпик Лион) и Сарина Вигман (холандска репрезентација).
Фудбалерите Глоргиан де Араскета, Сон Хеунг-мин и Луис Суарез останаа во самата завршница од изборот за наградата на ФИФА „Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол во изминатата година.