15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги претстави резултатите за фискалната 2020/2021 година на која значајно влијаеше пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Реал проценуваат дека поради пандемијата од март 2020 година изгубиле 300 милиони евра.
Тогаш е прекинат натпреварот во Ла лига, а вратата на Стадионот „Сантјаго Бернабеу“ е затворена. Оттогаш, Кралскиот клуб не играше на својот стадион, потсетува „Marca“.
Благодарение на заштедите, што вклучуваше и намалување на платите, клубот очекува постепено закрепнување од ударот што го зададе пандемијата.
Реал ја заврши 2019/2020 година со добивка од 313.000 евра, а вредноста на клубот во моментов е 534 милиони евра.
„Реал е еден од ретките големи европски клубови кој не претрпел загуби во последните две години“, изјавија граѓаните од Мадрид.