Emre Aşıkçı
23 Јануари 2025•Ажурирај: 24 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Реал Мадрид стана прв фудбалски тим што генерирал приход од 1 милијарда евра во една сезона, покажа годишниот извештај на „Делоит“ за приходите на фудбалските тимови, објавен денес, јавува Анадолу.
„Кумулативно, клубовите од 'Лигата на приходи' во 2023/24 генерираа рекордни 11,2 милијарди евра, што претставува зголемување од 6 отсто во однос на сезоната 2022/23, со рекордни приходи од натпреварите, рекламите и емитуваните преноси“, се вели во извештајот. „Во 2023/24, просечно клубот од 'Лигата на приходи' генерирал 560 милиони евра, од кои 244 милиони евра (44%) приходи од реклами, 213 милиони евра (38%) приходи од емитување преноси и 103 милиони евра (18%) приходи од продажба на билети и други придружни услуги.“
„Дилоит“ додаде дека Реал Мадрид, со реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, ги зголемил приходите од билетите за 103% на 248 милиони евра. Клубот, исто така, заработи 316 милиони евра од правата за пренос и 482 милиони евра од спонзорски договори.
Откако ја заврши минатата сезона со приход од 831 милион евра, Реал Мадрид ја надмина границата од 1 милијарда евра оваа сезона, со скок од 26%.
Според најновиот извештај на „Делоит“ за Лигата на приходи од фудбалот Манчестер Сити е на второто место со 838 милиони евра, а Париз Сен Жермен си го обезбеди третото место со 806 милиони евра приходи.