Admir Fazlagic
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – По првото полувреме резултатот на натпреварот од Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед изнесува 1:0, јавува Anadolu Agency (AA).
На самиот почеток кралскиот клуб ја презеде иницијативата, имаше поголем посед на топката, што на мадриѓаните им донесе повеќе шанси и гол во 23. минута.
Откако топката ја уфрли во шеснаестерецот Карвахал, Касемиро без двоумење со лесен удар ја спроведе топката во противничкиот гол. За потсетување, претходно во 16. минута шанса имаше Касемиро кој ја погоди пречката.
Пред крајот на првото полувреме, во 42. минута, по продир на Лука Модриќ од десната страна, топката дојде до напаѓачот Бензема, кој шутираше кон противничкиот гол, но голманот на Јунајтед успеа да ја одбрани таа топка.
Атмосферата на арената Филип Втори е навивачка. Навивачите на двата тима ги бодрат своите омилени фудбалери и очекуваат победа.