Doga Kirmizioglu
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Во 5-то коло на УЕФА Лига Европа во еден од поинтересните натпревари во групата Ј, белгискиот претставник Стандард Лиеж ја совлада шпанската екипа Севиља која претходно го има освоено купот 5 пати, јавува Anadolu Agency (AA).
Во групата Л, лидерот Челзи на домашен терен со резултат од 4 : 0 ја победи екипата на ПАОК.
Турската екипа Фенербахче во групата Д на свој терен ремизираше без голови со хрватскиот претставник Динамо Загреб. Во другиот натпревар од групата, Андерлехт и Спартак Трнава одиграа нерешено без голови. И двете екипи се збогуваа со турнирот.
Во групата И, екипата на Бешикташ на гостински терен ја совлада екипата на Сарпсборг со резултат 3 : 2. Бешикташ на крајот на првото полувреме губеше со резултат од 2 : 0, но во второто полувреме со двата гола на Џермин Ленс и голот на Вагнер Лав успеа да избори победа.
- Пласман во следната фаза
Пласман во следната рунда од натпреварите на УЕФА Лига Европа во колото пред крајот на натпреварите во групите обезбедија следните екипи:
Во групата Х, Ајнтрахт Франкфурт од Германија и Лацио од Италија. Во групата Л, Челзи имаше загарантиран пласман во следната рунда уште во минатото коло. Во групата Б екипата на Салцбург ја победи екипата на Лајпциг со резултат од 1 : 0 и се искачи на првото место во групата. Зенит во групата Ц, Динамо Загреб и Фенербахче во групата Д. Во групата Е екипата на Спортинг Лисабон, во групата Ф шпанскиот претставник Реал Бетис, и во групата Ј Краснодар е екипата која обезбеди пласман во следната рунда на натпреварите во УЕФА Лига Европа.
Пласман во наредната фаа од групата А, обезбедија германскиот претставник Баерн Леверкузен и швајцарскиот претставник Цирих, додека во групата Е Арсенал од порано имаше загарантирано пласман во наредната фаза.
Резултатите по групи се:
Група А
Баер Леверкузен - Лудогорец 1 : 1
Цирих - АЕК Ларнака (Кипар) 1 : 2
Група Б
Розенборг - Селтик 0 : 1
Салцбург - Лајпциг 1 : 0
Група Ц
Бордо - Славија Прага 2 : 0
Зенит - Копенхаген 1 : 0
Група Д
Фенербахче - Динамо Загреб 0 : 0
Андерлехт - Спартак Трнава 0 : 0
Група Е
Ворскла Полтава - Арсенал 0 : 3
Карабаг - Спортинг Лисабон 1 : 6
Група Ф
Реал Бетис - Олимпијакос 1 : 0
Милан - Дуделанж 5 : 2
Група Г
Спартак Москва - Рапид Виена 1 : 2
Ренџерс - Виљареал 0 : 0
Група Х
Аполон - Лацио 2 : 0
Ајнтрахт Франкфурт - Олимпик Марсеј 4 : 0
Група И
Малме - Генк 2 : 2
Сарсборг - Бешикташ 2 : 3
Група Ј
Краснодар - Ахисарспор 2 : 1
Стандард Лиеж - Севиља 1 : 0
Група К
Астана - Динамо Киев 0 : 1
Јаблонец - Рен 0 : 1
Група Л
БАТЕ - Видеотон 2 : 0
Челзи - ПАОК 4 : 0