Fatih Erel
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Постигнатиот гол на Португалецот Кристијано Роналдо во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА за Реал Мадрид, против неговиот сегашен клуб, италијански Јувентус, беше прогласен за гол на сезоната на UEFA.com, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Голот на Роналдо, кој доби аплауз ноќта од фановите на тогашниот противник, се искачи на врвот на анкетата со речиси 200.000 од вкупно 346.915 гласови“, се вели во денешното соопштение на УЕФА.
Втор на листата е голот на Димитри Пајет од Марсеј, во натпреварот со Лајпциг во Лига Европа на УЕФА, додека на трето место се наоѓа голот на Ева Наваро во финалето против Германија во женската лига У17 на УЕФА.
Биланс на гласови за првите три позиции:
1. Голот на Кристијано Роналдо - 197.496 гласа;
2. Голот на Димитри Пајет - 35.558 гласа;
3. Голот на Ева Наваро, 23.315 гласа.
Гол на сезоната на UEFA.com:
2018 година: Кристијано Роналдо, Реал Мадрид против Јувентус
2017 година: Марио Манџукиќ, Јувентис против Реал Мадрид;
2016 година: Лионел Меси, Барселона против Рома;
2015 година: Лионел Меси, Барселона против Баерн Минхен.