Fatih Erel
14 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
МАДРИД (AA) – Управата на Реал Мадрид потпиша двогодишен договор со аргентискиот фудбалски експерт Сантијаго Солари, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралскиот клуб соопшти синоќа дека со одлуката на Управниот одбор, Солари ќе биде прв тренер на тимот до крајот на јуни 2021 година.
Поранешниот играч на Реал Мадрид, Солари, од клупата ги водеше помладите генерации на тимот од Сантијаго Бернабе, а на клупата на првиот тим седна како привремено решение кон крајот на минатиот месец. На таа позиција го замени шпанскиот тренер Хулен Лопетеги.
Иако седна на „жешкото столче“, 42-годишниот Солари во четири меча оствари максимален учинок и ги натера челниците на Реал Мадрид да му укажат доверба на подолг период.
Реал Мадрид моментално се наоѓа на шестото место на табелата на шпанската Ла лига со четири бода заостанување во однос на лидерот Барселона.