Dejan Maksimovic
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
МАДРИД
Фудбалерите на Реал Мадрид в четврток имаат можност, со победа против Вилјареал, коло пред крајот на Ла Лига, да ја освојат 34. шампионска титула во Шпанија. Со оглед на моменталниот ризик од ширење на коронавирусот (Ковид-19), од „кралскиот клуб“ ги повикаа навивачите, освојувањето на титулата да го прослават дома, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Зинден Зидан е близу до шампионскиот пехар кој Реал го чека четири години. Но, клубот бргу дејствуваше и ги замоли навивачите да не слават како вообичаено кај фонтатата „Сибелес“ во центарот на Мадрид.
Со оглед на строгите мерки на физичко дистанцирање кои поради епидемијата на Ковид-19 сѐ уште се во сила во главниот град на Шпанија, Реал објави официјално соопштение во кое се молат навивачите да останат дома.
Според наводите на шпанските медиуми денеска, среда, во случај навивачите масовно да излезат на улиците на Мадрид, градската власт ќе ја преземе одговорноста и ќе ги растера собраните. Фонтаната долги години беше средиште на прославите на навивачите на Реал Мадрид, меѓутоа, оваа година од приврзаниците се бара да слават од нивните балкони.
Два кола пред крајот Реал е на прво место со 83 бода, четири повеќе од најголемиот ривал Барселона.