Ekipa
15 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
МУГЛА (АА) - Во турскиот град Мармарис, во југозападната турска област Мугла, се одржа овогодишната 11. трка, Релито на Турција од Светскиот шампионат. Победник на оваа трка е Французинот Себастијан Ожие, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодишната 11. трка од Светскиот рели шампионат, Релито на Турција, организирано од страна на Меѓународната федерација за автомобилски спортови (FIA) се одржа од 12 до 15 септември.
Во рели трките учество зедоа 108 спортисти со 54 автомобили од 22 земји, водејќи жестоки борби во тешките етапи.
Возачите изминаа 318 километри поделени во 17 специјални етапи, натпреварувајќи се кој прв ќе помине низ целта.
На крајот, по изминатите етапи, севкупен победник е Французинот Себастијан Ожие кој постигна време од 3 часа, 50 минути и 12,1 секунда, по кој следуваат Финецот Есапека Лапи, со време од 3 часа 50 минути и 46,8 секунди и третопласираниот Норвежанец Андреас Микелсен со време од 3 часа 51 минута и 16,6 секунди.
На 16. место од Релито на Турција се најде Естонецот От Танак, кој по оваа трка со 210 поени ја сочува лидерската позиција во севкупниот пласман на Светскиот рели шампионат. Со 193 поени следува Ожие, светскиот шампион последните шест години, додека на третата позиција се наоѓа Белгиецот Тиери Невил со 180 поени.
Пласман на првите петмина од Релито на Турција, која е 11. трка од Светскиот рели шампионат:
1. Себастијан Ожие 3.50.12,1
2. Есапека Пали 3.50.46,8
3. Андреас Микелсен 3.51.16,6
4. Тему Сунинен 3.51.47,2
5. Дани Сордо 3.52.38