Erdoğan Çağatay Zontur
25 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
МУГЛА (АА) - Првата група младенчиња на морски желки се родија на заштитената плажа на егејското крајбрежје на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Новородената морска желка од видот „Caretta caretta“ исползи во водата од плажата „Изтузу“ во областа Мугла, која претставува важно место за гнездење на овој загрозен вид.
Шефот на Центарот за истражување, спасување и рехабилитација на морските желки во Мугла (DEKAMER), Јакуп Каска, за АА изјави дека плажата ја делат и туристите и желките.
„Туристите можат да ја користат плажата во период од 08:00 часот изутрина до 20:00 часот, а во текот на ноќта плажата е резервирана за желките“, изјави тој.
„Оваа прекрасна иницијатива може да се повтори на сите места низ светот каде што се гнездат желките“, додаде тој.
Во егејската област Мугла и медитеранските области Анталија, Мерсин, Адана и Хатај постојат 21 место за гнездење на желките од видот „Caretta caretta“.
Овие желки градат длабоко гнездо на плажата од 20 до 24 инчи.
По инкубацискиот период од 45 до 65 дена, новородените морски желки се обидуваат да стигнат до морето следејќи ја Месечината, но вештачката светлина често ги збунува поради што се губат и умираат.
Работниците од дивиот свет (Wildlife workers) градат кафези околу гнездата за да ги обележат и да ги предупредат туристите. Плажите со гнезда се затворени откако ќе се стемни.
Морските желки од видот „Caretta caretta“ започнаа да се гнездат и на плажата „Чирали“, која се наоѓа во турскиот медитерански град Анталија.
Гувернерот на подрачјето Кемер, Хусејин Карамесе, изјави дека се родиле најмалку 85 младенчиња морски желки.
„Желките мајки положија јајца пред два месеци по должината на брегот долг 3,5 километри“, додаде тој.
„Никој не смее да влезе на плажата по 21:00 часот. Офицерите, исто така, ги проверуваат гнездата во текот на ноќта до изгрејсонце“, заклучи Карамесе.