Berad Büyük
11 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Светскиот куп на ФИБА 2023 година во кошарка, чиј домаќин ќе бидат Филипините, Јапонија и Индонезија, ќе се одржи од 25 август до 10 септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Светската кошаркарска организација (ФИБА) се истакнува дека датумот на натпреварот е утврден во консултација со земјите домаќини.
За првпат во својата историја, на групните натпревари на Организацијата домаќини ќе бидат три земји, Филипините, Јапонија и Индонезија. Финалето на купот ќе се игра во Манила, главниот град на Филипините.