Besar Ademi
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - По повод 22 септември – Светски ден без автомобили и Европската недела за мобилност (16-22 септември), по улиците на главниот град на Македонија, Скопје, и во 12 други градови се одржа традиционалното велосипедско дефиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Велосипедското дефиле започна од центарот на Скопје и заврши во Градскиот парк, каде што продолжи забавната програма со изведба на уличните музичари, а 20 учесници во парадата на организираната лотарија добија велосипеди, како симбол на употребата на алтернативните превозни средства.
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, кој се придружи на дефилето во Скопје, рече дека сите учесници на дефилето направиле добар потег за животната средна, но и за своето здравје.
„Употребувајќи ги велосипедите, на крајот на денот можете да заштедите нешто. Се чувствувам задоволен затоа што ни се придружија и 12 други градови и се надевам дека ќе биде инспирација ова да не го правиме само еднаш во годината, туку да го правиме почесто“, изјави Жбогар.
Од друга страна, вицепремиерот за Европски прашања на Владата на Македонија, Арбр Адеми, истакна дека иако Македонија и ЕУ се соочуваат со различни предизвици коишто бараат дополнителни обврски, не треба да се остават настрана овие активности, коишто како што рече тој, имаат исто значање.
„Со големиот број луѓе што ни се придружија во оваа иницијатива, докажуваме дека познаваме и споделуваме заеднички европски вредности. Затоа, ова е дополнителна причина за нашата држава да биде дел од европското семејство“, рече Адеми.
Мининистерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, апелирајќи до граѓаните колку што е можно повеќе да возат велосипед, истакна дека овој начин на транспорт треба да се користи секој ден, затоа што тоа е здраво за животот на човекот, како и за заштита на животната средина.
Велосипедски дефилеа се одржаа и во Берово, Битола, Кичево, Струмица, Велес, Кочани, Куманово, Неготино, Дојран, Охрид, Пехчево и во Штип. Инаку, оваа година европската недела за мобилност се означува во повеќе од 2.370 града, во 51 земја во светот.