Abdullah Aşıran
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
РОТЕРДАМ (АА) – Во Холандија од денес е забрането користење мобилни телефони при возењето велосипед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство се истакнува дека од денес при возење велосипед забранета е употребата на мобилни телефони, таблети, музички плеери и електронски уреди слични на камера.
Според ревидираниот Закон за „употреба на мобилни телефони во сообраќајот“, казната за користење мобилен телефон или друг електронски уред при возење велосипед изнесува 95 евра.
Забраната важи само при возење велосипед, а мобилниот телефон може да се користи кога рацете се слободни, без да се загрози безбедноста во сообраќајот.