Selçuk Acar
25 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 30 лица загинаа во снежна бура поради која е прогласена вонредна состојба во 11 држави во источниот дел на САД, пренесува Anadolu Agency (АА).
Американски официјални лица утринава соопштија дека билансот на загинати во снежната бура од вчера се зголеми од 19 на 30 луѓе. Најголем дел од жртвите починале од срцев удар за време на расчистувањето на снегот на патиштата и дворовите.
Њујорк е погодена од најголемата снежна бура во модерната историја, а висината на снежната покривка достигна 68 сантиметри.
Врнежите синоќа значително се намалија а животот е делумно нормализиран во Њујорк, но сè уште е забрането движењето на сите видови сообраќајни возила на патиштата а откажани се и сите автобуски, железнички линии и авионски летови.
Надлежните органи во источниот дел на САД се на патиштата и по прекинот на обилните снежни врнежи се обидуваат да обезбедат нормални услови за живеење. Во Њу Џерси веќе се отворени мостовите и тунелите, а училиштата нема да работат до понеделник.
Во Њујорк денеска со работа започнаа училиштата, јавните институции, берзата и другите институции, а во Вашингтон училиштата сè уште се затворени.