Hakan Çopur
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во спортската сала „Стејт Фарм Арена“ во американскиот град Атланта викендов се одржа 70. издание на ревијалниот натпревар НБА-олстар. Победа извојува тимот на Леброн Џејмс со резултат 170:150, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), натпреварите закажани за олстар-викендот се одржаа во еден ден со ограничен број активности. На олстар- натпреварот, капитен на Источната конференција беше Кевин Дурант, а Леброн Џејмс беше капитен на Западната конференција.
На натпреварот во кој екипата на Леброн во текот на целиот натпревар прикажа супериорна игра, првата четвртина заврши со резултат 40:39 за Западната конференција. Втората четвртина Западната конференција ја доби со резултат 60:41 и на полувреме се замина со резултат 100:80. Третата четвртина Западот ја доби со резултат 46:45, а Истокот единствено ја доби последната четвртина со резултат 25:24, но тоа не беше доволно за да се надомести претходно стекнатата предност на Западот, кој извојува победа од 170:150.
На тој начин екипата на Леброн, во последните 4 натпревари извојува 4 победи.
Оваа година, наградата „Киа Коби Брајант МВП“ му е доделена на Јанис Антетокумпо од екипата на Леброн. Антетокумпо на овој натпревар постигна 35 поени, 7 скока и 3 асистенции, при што од 16 шута постигна 16 коша. Од истата екипа Дејмијан Лилард постигна 32 поени, 2 скока и една асистенција, а Стефен Кари го заврши натпреварот со 28 поени, 4 скока и 4 асистенции.
Во тимот на Кевин Дурант најпрецизен беше Бредли Бил со 26 поени, 4 асистенции и 2 скока, Кари Ирвинг со дабл-дабл од 24 поени, 12 асистенции и 5 скока и Џејмс Харден и Џејсон Татум со по 21 поен.
На олстар-викендот беше споменат и легендарниот НБА-кошаркар Коби Брајант, кој минатата година го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Во натпреварувањето во забивање победник беше Анферни Симонс, во тројки победи Стефен Кари, а во категоријата „Скилс челинџ“ победи Домантас Сабонис.