Mutlu Demirtaştan
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот Феникс Санс од Американската кошаркарска лига (НБА) постигна договор со српскиот тренер Игор Кокошков за доаѓање на функцијата главен тренер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на овој клуб се наведува дека 46-годишниот Кокошков ќе биде првиот главен тренер во историјата на НБА што се родил и пораснал во Европа.
Според соопштението, Кокошков кој е помошник-тренер на Јута Џез, клуб кој во полуфиналето на Западната конференција се соочува со Хјустон Рокетс, ќе започне со неговата функција во Санс откако ќе завршат плејоф-натпреварите.
Кокошков претходно ја вршеше функцијата помошник-тренер во кошаркарските клубови на НБА Лос Анџелес Клиперс, Детроит Пистонс, Кливленд Кавалиерс, Феникс Санс, Орландо Меџик, а беше и тренер на репрезентациите на Грузија и Словенија.