Yusuf Şahbaz
27 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
ИЗМИР (АА) - ЈУСУФ ШАХБАЗ - Таканаречените Сиренски Карпи во подрачјето на Фоча, во турската област Измир, воодушевуваат со нивниот изглед што наликува на самовилските оџаци во Кападокија, пишува Агенција Анадолија (АА).
Малите островчиња, кои се наоѓаат западно од островот Орак на отворени води кај Фоча, се познати како Сиренски Карпи.

Името на малите островчиња е добиено од грчката митологија. Сирените, за кои се верува дека живеат на карпести и празни острови, се спомнати и во Одисеја.
Од Фоча се организираат специјални турнеи за да се видат овие карпи, кои со својот надворешен изглед и структура наликуваат на самовилите оџаци во Кападокија.

Десетиците пештери што се наоѓаат во овие карпи претставуваат заштита за медитеранските фоки. Со цел да не бидат погодени фоките, не се дозволува приближување или качување на овие карпи.
Себахатин Караџа, кој веќе 40 години работи во областа на туризмот, во изјава за новинарот на АА истакна дека со својата 3.000 годишна историја, Фоча секоја година угостува значаен број домашни и странски туристи.
Караџа нагласи дека во ова подрачје постојат голем број природни убавини, и дека една од нив се и Сиренските Карпи.