Cüneyt Karadağ
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германскиот бундеслигаш Шалке 04 го отпушти шефот на стручниот штаб, Давид Вагнер, јавува Агенција Анадолија (AA).
Раководството на клубот од Гелселкирхен соопшти дека веќе бара замена за Вагнер и неговите помошници.
Претставникот на клубот, Јохен Шнајдер, изјави дека се надевале дека тимот со Вагнер ќе се врати на врвот на табелата во Бундеслигата, но дека тоа во првите два меча не се случило.
Шалке во првите два меча од сезоната доживеа тешки порази и тоа од Баерн со резултат од 8:0 и вчера од Вердер со резултат од 3:1.