Selçuk Buğra Gökalp
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турција освои вкупно 19 медали на Европското првенство во таеквондо 2022 кое се одржа во Регионалната Арена во Манчестер, Велика Британија од 19 - 22 мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полумесечините освоија 11 медали во регуларниот дел, од кои пет златни, и тоа Хакан Речбер во категоријата до 63 килограми, Емре Куталмиш Атешли во категоријата +87 килограми за мажи, Мерве Динчел во категоријата до 49 килограми за жени, Хатиџе Кубра Илгун во женска категорија до 57 килограми и Зелиха Агрис во категоријата до 53 килограми.
Турција освои и два сребрени и четири бронзени медали.
Во делот за пара таеквондо, Турција освои четири злата и тоа Аликан Озџан во категоријата мажи до 58 килограми, Махмут Бозтеке во категоријата до 63 килограми, Нурџихан Екинџи во категоријата до 47 килограми за жени и Гамзе Гурдал во истата категоријата до 57 килограми.
Црвено-белите освоија и три сребрени медали и еден бронзен медал.