Kemal Zorlak
06 Октомври 2023•Ажурирај: 08 Октомври 2023
АНКАРА (АА)
Синоќа се одиграа натпреварите од второто коло на УЕФА Конференциска лига. Турскиот претставник, тимот на Фенербахче, извојува победа од 1:2 на гостувањето кај Спартак Трнава, известува Анадолу.
Во рамките на натпреварите од второто коло на групата Х, Спартак Трнава на домашен терен го пречека Фенербахче. Гостите славеа со 1:2, а головите ги постигна Џошуа Кинг во 70. и 81. минута од средбата. Единствениот погодок за домаќините го постигна Келвин Офори во 88. минута.
Во истата група тимот на Нордсјиланд го торпедираше Лудогорец, нанесувајќи му висок пораз од 7:1. Нордсјиланд поведе со 1:0 со голот што Маркус Хојрис Ингварцен го постигна во 2. минута со удар од белата точка. Оливие Вердон израмни на 1:1 во 9. минута, по што следуваше канонада од голови на домаќините. Стрелци за Нордсјиланд беа Ибрахим Осман во 11. минута, Јепе Тверсков во 31. минута, Бенџамин Нигрен во 32. и 74. минута, Сон од Лудогорец постигна автогол во 68. минута и Кристиан Расмусен во 86. минута од средбата.
Резултати од синоќа одиграните средби во УЕФА Конференциска лига:
Група А
КИ Клаксвик - Лил 0:0
Олимпија Љубљана - Слован Братислава 0:1
Група Б
Брајдаблик - Зорја Луганск 0:1
Гент - Макаби Тел-Авив 2:0
Група Ц
Астана - Викторија Плзен 1:2
Балкани - Динамо Загреб 2:0
Група Д
Бешикташ - Лугано 2:3
Бодо Глимт - Клуб Бриж 0:1
Група Е
Астон Вила - Зрињски Мостар 1:0
АЗ Алкмаар - Легија 1:0
Група Ф
Фиорентина - Ференцварош 2:2
Чукарички - Генк 0:2
Група Г
ПАОК - Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Абердин - ХЈК Хелсинки 1:1
Група Х
Нордсјиланд - Лудогорец 7:1
Спартак Трнава - Фенербахче 1:2