Ekipa
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Баерн Минхен, поради два инцидента за време на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони, кој го играше синоќа со Реал Мадрид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од УЕФА објавија дека Дисциплинската комисија ќе го разгледа „забранетиот“ транспарент насочен против УЕФА, кој беше истакнат за време на средбата во Минхен, како и влезот на теренот на навивачите по поразот од Реал со резултат 1:2.
Предметот ќе биде решен на 31 мај, пет дена по финалето на Лигата на шампиони.
Навивачите на Баерн повеќепати на натпреварите од Лигата на шампиони во последните неколку сезони истакнуваа транспаренти со критички пораки кон УЕФА, поради финансиските прашања во фудбалот како спорт и високите цени на картите кои ги наплатуваат другите клубови.