Mutlu Demirtaştan
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со 13. трка во сезоната која ќе се одржи во Унгарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Унгарија (Hungary Grand Prix) на патеката „Хунгароринг“, која е долга 4,3 километри и се наоѓа во Будимпешта, возачите ќе треба да извозат 70 круга.
В сабота со почеток во 16:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Унгарија е закажана за в недела, 31 јули, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката на патеката „Хунгароринг“, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
Пласман на пилотите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 233 поени
2. Шарл Леклер (Монако): 170 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 163 поени
4. Карлос Саинс (Шпанија): 144 поени
5. Џорџ Расел (Велика Британија): 143 поени
Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 396 поени
2. Ферари: 314 поени
3. Мерцедес: 270 поени
4. Алпин: 93 поени
5. Мекларен: 89 поени