Ekipa
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Продолжуваат натпреварите на УС Опен, последниот грен слем тениски турнир годинава. Роџер Федерер, третиот носител на турнирот, со победа во својот 100. натпревар избори пласман во третото коло, пишува Anadolu Agency (AA).
Во американскиот град Њујорк се одржува последниот грен слем тениски турнир годинава. Швајцарецот Федерер во второто коло се сретна со Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина, играјќи го својот 100. натпревар на овој турнир.
Средбата траеше 2 часа и 22 минути, а Федерер по загубениот прв сет не дозволи уште едно изненадување и со резултат 3 : 1 (3 : 6, 6 : 2, 6 : 3 и 6 : 4 по сетови) извојува победа на својот 100. настап на УС Опен и избори пласман во третото коло.
Добра игра во второто коло од турнирот покажа и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој играше против Аргентинецот Хуан Лондеро. Во мечот што траеше 2 часа и 15 минути Ѓоковиќ извојува победа од 3 : 0 (6 : 4, 7 : 6 [7 : 3], 6 : 1) и се пласираше во третото коло.
Хрватот Борна Ќориќ поради повреда го предаде мечот против Бугаринот Григор Димитров. Победа и пласман во третото коло извојува и Јапонецот Кеи Нишикори, кој го совлада Американецот Бредли Клан со 3 : 1 (6 : 2, 4 : 6, 6 : 3, 7 : 5 во сетови).
Во женска конкуренција Американката Серена Вилијамс по загубениот прв сет, ја совлада својата сонародничка Кети Мекнели со 2 : 1 (5 : 7, 6 : 3, 6 : 1 во сетови) и избори пласман во третото коло.
Втората носителка, Австралијката Ешли Барти, беше поуспешна од Американката Лорен Дејвис, совладувајќи ја со 2 : 0 (6 : 2, 7 : 6 [7 : 2] во сетови).
Украинката Елина Свитолина, петтата носителка на турнирот, со 2 : 0 (6 : 4, 6 : 4 по сетови) ја совлада Венус Вилијамс и избори пласман во третото коло на УС Опен.