Mutlu Demirtaştan
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Руската тенисерка Марија Шарапова е победник на тенискиот турнир во Тјенцин, по победата во финалето над белоруската тенисерка Арјна Сабаленка со резултат 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Шарапова на тенискиот турнир на цврст терен кој се одржа во кинескиот град Тјенцин со 2:0 (7-5, 7-6) ја совлада белорусинката Сабаленка, 102. на светската листа на тенисерки. Мечот траеше 2 часа и 5 минути.
Шарапова, којашто се наоѓа на 86. место на светската листа на тенисерки, по 15-месечната забрана за играње тенис, за првпат ја освои шампионската титула на еден тениски турнир.