Bedrudin Brlyavac
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
САРАЕВО (АА) - Францускиот велосипедист Роберт Марчанд ја завршил својата кариера на 106 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веста за официјалното завршување на кариерата на Марканд ја објави неговиот близок пријател и сосед.
Марканд минатата година за саат време премина 22, 528 километри, што е светски рекорд за возачи постари од 105 години.
Со овој резултат привлече големо внимание кај светската јавност, со што овој поранешен пожарникар докажа дека возраста не е пречка за значајни спортски резултати.
Пред да го собори светскиот рекорд минатата година, тој изјави дека неговата цел е да им покаже на другите дека луѓето во постари години можат да се занимаваат со спорт.
„Јас не сум овде за да соборам некаков рекорд. Ова го правам за да докажам дека дури и со 105 години сеуште може да се вози велосипед", рече Марканд.
Интересно е тоа што овој велосипедист никогаш не се занимавал професионално со возење велосипед, но како аматер и рекреативец во овој спорт има поминато повеќе од 90 години.