Hasan Esen
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
МАДРИД (AA) - Реал Мадрид во реванш средбата против Нумансија во осминафиналето од шпанскиот куп одигра нерешено 2:2, но благодарение на победата од 3:0 во првиот меч на гостински терен, успеа да се пласира во четвртфиналето од Купот на Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во реваншот кој се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, со погодокот на Лукас Васкез во 11-та минута, Реал поведе со 1:0. Нумансија изедначи на 1:1 со погодокот на Гиљермо Фернандез Хиеро во 45-та минута од натпреварот, и со тој резултат се замина на полувреме.
Реал Мадрид во 59-тата минута повторно прејде во водство од 2:1 со вториот погодок на Лукас Васкез. Нумансија во 82-минута изедначи на 2:2 со вториот погодок на Гиљермо Фернандез Хиеро, што беше и конечен разултат на натпреварот.
Дани Калво од Нумансија во 90 + 2 минута го доби вториот жолт картон, што автоматски значеше црвен картон, по што го напушти теренот.
Реал Мадрид, кој во првиот натпревар на гостински терен извојува победа од 3:0, се пласираше во четвртфиналето на Купот на Шпанија играјќи нерешениот против Нумансија во втората реванш средба.