Admir Fazlagic
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалерите на турскиот клуб Фенербахче денеска пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во пресрет на нивниот утрешен натпревар во рамките на плејофот за Лига Европа, со најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот, фудбалерите на „Фенербахче“ беа пречекани од делегацијата на амбасадата на Република Турција во земјава, предводена од амбасадорката Тулин Еркал Кара.
Од скопскиот аеродром, фудбалерите на турскиот фудбалски клуб се упатија кон центарот на Скопје, каде што ќе бидат сместени во хотел.
При нивното доаѓање во Скопје, тимот на „Фенербахче“ беше причекан од група навивачи на овој фудбалски клуб, кои со аплауз и овации ги поздравија нивните омилени играчи.
Според најавеното, во вечерните часови тимовите на двата фудбалски клуба ќе одржат одделни прес-конференции и тренинг, со цел да се подготват за утрешниот меч кој ќе се одигра на националната арена „Филип Втори" во Скопје.