Yunus Kaymaz
23 Јули 2021•Ажурирај: 24 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Карим Бензема, фудбалер на клубот од шпанската Прва фудбалска лига, Реал Мадрид, е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди клубот Реал Мадрид.
Во соопштението се вели дека 33-годишниот француски фудбалер е позитивен на овој вирус.
Бензема се наоѓа во карантин, а откако ќе добие негативен резултат од тестирањето, ќе почне со тренинзи со клубот.