Doga Kirmizioglu
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Екипата на Манчестер сити од Англија, Барселона од Шпанија и Пари Сен Жермен од Франција се трите фудбалски екипи од Европа кои оваа година покажаа највисок перформанс и ги израдуваа своите навивачи, пишува Anadolu Agency (AA).
Овие три екипи се лидери во своите групи во Лигата на шампиони на УЕФА и пред крајот на натпреварувањето по групи, веќе го обезбедија пласманот во понатамошниот дел од натреварот. Барселона, Манчестер сити и Пари Сен Жермен од почетокот на сезонава не претрпеа пораз.

Бразилската ѕвезда Неимар од редовите на Барселона, на почетокот од сезоната, за цена од 222 милиони евра премина во Пари Сен Жермен, а редовите на овој француски прволигаш ги засили и Килијан Мбапе, кој е изнајмен од Монако. Досега испаднаа оправдани сите трошоци направени за засилувањето на екипата.
- Урнат рекорд во Лигата на шампионите
ПСЖ по одиграни 15 кола во француската фудбалска лига оствари 13 победи и одигра 2 нерешени натпревари, остварувајќи 10 поени предност пред второпласираната екипа на Олимпик Марсеј. Во Лигата на шампионите, ПСЖ има 5 победи во 5 натревари и ја загарантира лидерската позиција.
ПСЖ во Лигата на шампионите постигна 24 погодоци и го урна досегашниот рекорд на Борусија Дортмунд, која го држеше досегашниот рекорд на „Најголем број постигнати голови во Лигата на шампионите во натпреварите по групи“, со остварени 21 погодок.
Неимар, новиот трансфер во редовите на ПСЖ, на 15 средби постигна 14 гола и 10 асистенции, давајќи директен придонес во успехот на клубот. Младиот Мбапе, откако се вклопи во екипата по првите натпревари, на 16 средби постигна 7 погодоци и имаше 6 асистенции.
- Барселона напредува со успех
По заминувањето на бразилската ѕвезда Неимар во редовите на ПСЖ и стресот што го доживеа екипата на Барселона по повредата на францускиот играч Усман Дембеле, кој пристигна од редовите на Борусија Дортмунд за 105 милиони долари, екипата од Каталонија сепак прикажа подобра игра од очекуваната.
Барселона со освоени 35 поени во 13 натпревари се наоѓа на лидерската позиција во Ла лига натпреварувањето во шпанската фудбалска лига. Барселона, која пред конкурентот Реал Мадрид има предност од 8 поени, има најдобар почеток на сезоната по 2013-2014.
Барселона продолжува со своите успеси во Лигата на шампиони на УЕФА, а во групата Д, со 3 победи и 2 нерешени натпревари, ја загарантира лидерската позиција со освоени 11 поени.
Аргентинската ѕвезда во редовите на Барселона, Лионел Меси го продолжи својот договор до 2021 година. Меси во одиграните 20 натпревари постигна 16 погодоци и оствари 6 асистенции, давајќи голем придонес во успехот на екипата.
- Манчестер сити не признава никаков противник
Англиската екипа Манчестер сити под раководство на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола постигнува успеси во англиското првенство и стана екипа со најдобар старт на сезоната во Премиер лигата.
За трасферот на Бенјамин Менди, Кил Валкер, Бернардо Силва, Едерсон, Данило и Даглас Луиз, англискиот прволигаш плати вкупно обештетување од 250 милиони евра. Вложените инвестиции за засилувањето на клубот не беа залудни. Високиот перформанс кој го покажа екипата досега ги израдува навивачите на Манчестер сити.
Манчестер сити во изминатите 14 кола извојува 13 победи, а еден натпревар одигра нерешено. Со освоени 40 поени, Манчестер сити од 1992 година наваму, кога започна Премиер лигата во Англија, го забележа најдобриот почеток на сезоната на еден тим. Сити извојува 12 победи едноподруго, со што го урна клупскиот рекорд.
Манчестер сити ги реди успесите и во Лигата на шампиони на УЕФА. Во групата Ф, Сити извојува 5 победи во 5 натпревари, и со 15 освоени поени се квалификуваше во наредната фаза на ова натпреварување.