Dejan Maksimoviç
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
РИМ (АА) - Фабио Капело, искусен италијански тренер, смета дека Ромa може да победи во оваа сезона и со тоа ќе ја прекине доминацијата на Јувентус, јавува Anadolu Agency (AA).
Капело е последниот тренер кој успеа на „римската волчица“ да ѝ ја донесе титулата италијански првак во сезоната 2000/2001, но верува дека сличен подвиг може да се повтори под раководство на Еузебио ди Франческо.
„Тие се исклучително силни, многу силни. Имаат комплетен тим и добар тренер. Бев изненаден од Ди Франческо, бидејќи знам колку е тешко да се тренира Ромa“, изјави Капело за италијанските медиуми и додаде:
„Би рекол дека можат да го освојат скудетото од една едноставна причина, а тоа е дека серијата А оваа сезона е отворена за секој резултат. Во последните неколку години Јувентус беше најсилен, без дилема. Сега ситуацијата е поинаква, во борбата за скудетото ќе има четири тима. Наполи е во водство, Јувентус, бидејќи тоа е Јувентус. Потоа Интер, бидејќи нема европски обврски и Рома затоа што е исклучително силна“.
По 14 одиграни кола, Наполи е лидер на Серијата А, со 38 поени. Следуваат Интер со 36, Јувентус со 34 и Рома со 31 поен, но со натпревар помалку.