Selçuk Buğra Gökalp
18 Мај 2023•Ажурирај: 22 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Четворица фудбалери на Ливерпул летово ќе го напуштат клубот, пренесува Анадолу.
„Потврдуваме дека Роберто Фирмино, Наби Кеита, Џејмс Милнер и Алекс Окслејд-Чембрлен ќе го напуштат клубот по истекот на нивните договори ова лето“, се вели во соопштението на „црвените“.
Специјални благодарници ќе им бидат доделени на четворицата играчи на „Енфилд“ во сабота, а дополнителното оддавање почит ќе следи на крајот од сезоната, додадоа од клубот.
Фудбалерите уживаа во неколкуте големи достигнувања под кормилото на германскиот тренер Јирген Клоп, како победите во Лигата на шампионите на УЕФА во 2019 година, Суперкупот на УЕФА во 2020 година и Светското клупско првенство на ФИФА во 2020 година, заедно со првата титула во Премиер лигата за Ливерпул во 2019 година, по цели 30 години.