Bakir Tiro
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
САРАЕВО (AA) - Фудбалот не е на продажба, изјави Александар Чеферин, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), кому денес на Конгресот на ФИФА му е продолжен мандатот за наредните четири години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Словенецот во интервју за францускиот „Ле монд“ („Le Monde“), уште еднаш се спротивстави на основањето на таканаречената „европска суперлига“, затворено натпреварување за 16 најбогати клубови на Стариот Континент.
„Какво било натпреварување од затворен тип е недопустливо. Фудбалот би го изгубил шармот“, рече Чеферин.
Истакна дека Катар не би бил во можност да го организира Светското првенство 2020 година со 48 репрезентации.
„Катар не може самостојно да го организира Мундијалот со 48 репрезентации. Терминот на натпреварувањето и понатаму е спорен, со оглед на тоа што ќе се одржува во текот на зимата, од 21 ноември до 18 декември, многумина национални првенства ќе бидат во организациски расчекор. Кога тоа го велам, првенствено мислам на Европа“, рече Чеферин.