Bakir Tiro
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
САРАЕВО (АА) - „Шестпати го кренав трофејот наменет за победникот на Австралијан опен, и тоа ми дава доволно причини да верувам дека го можам истото, по седми пат“, рече Новак Ѓоковиќ, првопласираниот тенисер на светската АТП ранг-листа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Доколку и на почетокот од 2019 година победи во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе стане најтрофејниот играч на Австралијан опен.
„Играњето тенис за мене доаѓа од искрените емоции и од љубовта. Се обидувам да се концентрирам на она што се случува на теренот и како да го добијам мечот. Се трудам да ја насочам енергијата на теренот. Од себе секогаш се обидувам да извлечам најмногу, затоа и верувам дека може пак да го освојам Австралијан опен“, истакна Ѓоковиќ во промотивното видео за првиот Грем слем од сезоната.
Австралијан опен ќе се игра во Мелбурн од 14 до 27 јануари 2019 година. Победник на турнирот во 2018 година беше Швајцарецот Роџер Федерер, кој изминатата сезона ја заврши на третото место на АТП ранг-листата.