Hüseyin Burak Demirer
13 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (AA) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Торонто во финалето го совлада Гркот Стефанос Цисипас и така ја освои 80. титула во кариерата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гркот претходно ги совлада Доминик Тием, Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев, но Надал беше пресилен за него.
По час и 42 минути игра, Надал од теренот излезе како победник (6:2-7:6) и така ја освои петтата титула оваа сезона.
На Шпанецот ова му е 33. титула од серијата Мастерс 1000.