Admir Fazlagic
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - По завршениот натпревар од плеј-офот за Лига Европа помеѓу фудбалскиот клуб Вардар и турскиот Фенербахче кој заврши со 2:0, тренерите на двата фудбалски тима одржаа прес конференција на која ги искажаа своите впечатоци од вечерашниот натпревар којшто се одигра на националната арена Филип Втори, јавува Anadolu Agency (AA).
Тренерот на Вардар Чедомир Јаневски, кому ова му беше прв натпревар со овој клуб, рече дека остврениот резултат е добар, со оглед на противник каков што е турскиот клуб Фенербахче, кој во вечерашниот меч имаше посед на топка и тим кој има искуство во европските натпреварувања.
„Резлтатот е добар за нас против еден противник кој имаше посед на топка кој има европско искуство. Имавме проблем во прво полувреме особено во дефанзива и тоа треба да го искорениме во реваншот во Истанбул. Сакам да им честитам на играчите и на навивачите. Игравме со срце и среќата не послужи, двата гола беа по нивни грешки. Ако среќата не беше наклонета на страната на Вардар во Копенхаген, денеска среќата ни се врати", истакна Јаневски додавајќи дека резултатот од вечерашниот натпревар на "црвено-црните" им дава само позитивна енергија но дека работата сеуште не е завршена. Стратегот на Вардар додаде дека Фенербахче има одличен тим и има одлична публика.
Тренерот на Фенербахче, Ајкут Коџаман рече дека целта на тимот е да се врати со позитивен резултат пред дербито со Трабзонспор за време на викендот, но додаде дека сега работата е многу потешка по овој пораз од Вардар.

„Од првата до последната минута игравме добро, упативме речиси 16-17 удари и 3-4 шанси, нашиот противник речиси немаше ниту еден напад, но ете овозможивме две шанси за Вардар и тие не казнија. Дефинитивно сега нашата задача е многу потешка. Мораме психички да се издигнеме и пред нашите гледачи да го поправиме впечатокот“, изјави Актуј Кочаман.
Возвратниот натпревар Фенербахче-Вардар ќе се игра следниот четврток во Истанбул.