Dejan Maksimoviç
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ЛОНДОН (AA) – Фудбалскиот клуб Челси наскоро би требало да добие четврто засилување во текот на летниот рок за трансфер. Според наводите на италијанските медиуми, Интер е спремен на Челзи да му го продаде Антонио Кандрева за 27,3 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Италијанскиот фудбалер веќе долго време е желба на менаџерот Антонио Конте, кој со Кандрева соработувал во текот на периодот во кој бил селектор на Италија.
Досега Интер беше резервиран кога станува збор за продажба на Кандрева, но со оглед дека Перишиќ е блиску до продолжување на договорот, таа опција е се повозможна. Искусниот 30. годишен фудбалер има договор со Интер до 2020. година, а во Интер стасал минатото лето од Лацио за 22 милиони евра.
Кандрева кариерата ја почнал во Тернана, а играл за Удинезе, Ливорно, Јувентус, Парма, Чесена, Лацио и Интер. Во дресот на репрезентацијата на Италија одиграл 47 натпревари и постигнал шест голови.