Emre Aşıkçı
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
АНКАРА (АА) - Англискиот тим од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, го потврди доаѓањето на англискиот дефанзивец Хари Мегваер од Лестер Сити, за 87,3 милиони евра, со што англискиот репрезентативец стана најскапиот одбранбен фудбалер во историјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мегваер потпиша шестгодишен договор, со опција за негово продолжување за уште една година.
„Им благодарам на сите што ме поддржаа и беа дел од мојата кариера. Горд сум и чест ми е што се придружувам на @ManUtd. Какво неверојатно досегашно фудбалско патување“, напиша Мегваер на Твитер.
„Хари е еден од најдобрите центар-бекови денес и задоволство ми е што го обезбедивме неговиот потпис. Тој е одличен читач на играта, и под притисок може да остане смирен, во комбинација на сето тоа сметам дека тој добро ќе се вклопи во оваа група и на и надвор од теренот“, истакна Оле Гунар Солскјаер.
Дваесет и шестгодишниот напаѓач му се придружи на Лестер во 2017 година и постигна 5 гола на 76 натпревари.
Со купувањето на Мегваер срушен е досегашниот рекорд на Вирџил ван Дајк кој во јануари 2018 година од Саутхемптон дојде во Ливерпул за 84,6 милиони евра.
Мегваер претходно играше за Шефилд Јунајтед, Хал Сити и Виган Атлетик во Англија.