Mutlu Demirtaştan
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Тренерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека сака долгорочно да остане на чело на тимот, јавува Anadolu Agency (AA).
Мурињо во изјава за португалските медиумите рече дека во клубот е уште три години.
„Претпоставувам дека официјалните лица на клубот сфатија дека за успех е потребна стабилност. Доколку сакаат да останам, јас со задоволство долгорочно ќе продолжам, но потребно е двете страни да бидат задоволни. Јас не сум тип на тренер кој ќе остане во клуб по 10-15 години без да забележи успех, но искрено, ако сè се одвива добро би сакал долгорочно да останам во Манчестер Јунајтед“, истакна тој.
Тој предупреди на конкуренцијата што ја има Манчестер Јунајтед, додавајќи дека клубот не е сам на врвот, и дека постојат шест или седум многу силни тимови.
Мурињо на почетокот од сезоната потпиша тригодишен договр со Манчестер Јунајтед. Клубот во 26 натпревари освои 49 поени и се наоѓа на седмото место.