Sefa Şahin
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во Кандил во северен Ирак неутрализирани се 5 таканаречени водачи на терористичката ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на министерството за националната одбрана на Турција, пренесена преку Твитер профилот се истакнува: „Во воздушните операции на Турските вооружени сили (ТСК) во координација со турската разузнавачка служба (МИТ) во Кандил, северен Ирак неутрализирани се 5 таканаречени водачи на терористичката ПКК.“