Ferdi Türkten
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари разговор со германската канцеларка Ангела Меркел преку видеоконференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, на состанокот станало збор за односите меѓу Турција и Германија и за регионални прашања.
За време на состанокот, претседателот Ердоган истакна дека придава големо значење на продолжување на редовниот контакт и дијалог со германската канцеларка Меркел.
Наведувајќи дека Турција продолжува со решеност да се бори против епидемијата од коронавирусот, Ердоган рече дека постепено започнале со процесот на нормализација и дека програмата за вакцинација продолжува со брзо темпо.
Ердоган, исто така, истакна дека верува во тоа дека туризмот во месец април ќе започне безбедно и без проблеми.
Тој во разговорот нагласил дека Турција е единствената земја што всушност обезбедува хуманитарна помош за милиони Сиријци и дека за доброволното враќање на Сиријците Европската Унија треба да обезбеди финансиска и техничка поддршка.
Претседателот Ердоган, осврнувајќи се на прашањето за ажурирање на Консензусот од 18 март, рече дека Турција го задржува својот конструктивен став во однос на прашањата за Источниот Медитеран и Егејот.
Наведувајќи дека приоритет во Либија е да се изгласа доверба на новата Влада и таа да започне со работа што е можно поскоро, Ердоган подвлече дека политичкиот процес во Сирија треба да продолжи ефикасно.