Ayşe Sarıoğlu
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев денес, при својата посета на Турција, истакна дека неговата земја нема да ги поддржи училиштата што работат против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема да поддржиме никого што работи против Турција. Тоа не е во согласност со нашите интереси. Не го сакаме тоа. Во врска со тоа прашање, се договоривме. Министерствата за образование на двете страни ќе формираат работна група што ќе ги оцени овие училишта. Ако се утврди дека некои од нив навистина се поврзани со оваа организација, ние ќе ги назад вратиме просветните работници и од Турција ќе се побараме други", рече Назарбаев, говорејќи за училиштата во Казахстан поврзани со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористичката организација ФЕТО на Турција „ѝ го стори ова непријателство, на овој народ му го стори ова непријателство, презеде чекор за да ги разедини луѓето. Се разбира, она што нам ни го сторија денес, утре можат да го сторат на некое друго место“.
Ердоган додаде дека тоа е во нивната природа, дека нивниот карактер е таков.
Претседателот на Република Турција, Ердоган, изјави дека во Казахстан во моментов ФЕТО има 33 училишта и очекува да се преземат потребните чекори.