Mümin Altaş
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Турција, Бекир Боздаг, преку својот профил на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) ја објави следната порака во којашто ја споделува болката со семејствата чии најблиски беа жртви на свиреп напад извршен врз една црква во американската сојузна држава Тексас „Злосторство врз човештвото претставува секој напад врз верски објекти, врз лица кои ги извршуваат своите верски обврски, независно на која вера ѝ припаѓаат. Такво нешто е неприфатливо“, јавува Anadolu Agency (AA).
Изразувајќи го своето сочувство до семејствата на настраданите, американскиот народ и до САД, Боздаг го истакна следното:
„Им посакувам брзо заздравување на ранетите. Најостро и со гнев ги осудувам оние што го извршија овој свиреп напад и доколку ги има, и оние сили што стојат зад нив. Турција ќе продолжи да соработува и да се солидаризира со САД и со меѓународната заедница на полето на теророт и насилството. Злосторство врз човештвото претставува секој напад врз верски објекти, врз лица кои ги извршуваат своите верски обврски, независно на која вера ѝ припаѓаат. Такво нешто е неприфатливо“.